Од Скопје стартува летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“
Летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“ стартува во недела со петкилометарска трка во Скопје, по што следуваат трките во Дојран на 14 јули, Претор на 21 јули, Маврово на 28 јули и завршната трка во Охрид на 3 август.
Првите три трки се на пет километри, а потоа се трча полумаратон во Маврово и трка на десет километри на финалниот натпревар во Охрид.
Серијата трки на плажа се во организација на здружението „Прв до врв“ во рамки на платвормата „Ја трчаме Македонија“ и во нив може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка.
Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број на бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање за оваа година.
За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден паричен награден фонд во вредност од 60.000 денари. На секоја од трките, првите три места во машка и женска конкуренција освојуваат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, информираат организаторите.
Пријавувањето за учество во Beach Run 2019 е преку веб страната на www.prvdovrv.mk.
Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид

