Од скара на ќумур се запали угостителски објект во Неготино

Од скара на ќумур денеска во Неготино се запали угостителски објект. Информацијата ја потврди Иле Илиев, командир на територијалната противпожарна единица. Како што кажа командирот, благодарение на брзата интервенција, нема повредени и поголема штета.
- Претпладнево примивме пријава за пожар во угостителски објект во центарот на градот кој се занимава со производство и продажба на скара. Сопственикот се обидел со пепел да го покрие огнот, но тој уште повеќе се распламтил. Ние заминавме на самото место веднаш откако го примивме повикот и интервениравме со двајца пожарникари и едно противпожарно возило. Најверојатно пожарот настанал поради неисправен димоводен канал или оџак, рече Илиев.
Огнот се проширил низ целиот локал и еден дел од објектот бил опожарен, но без поголема материјална штета.
- Апелираме до угостителите кои се занимаваат со печење на скара редовно да вршат чистење на оџаците кои не ретко се запушуваат од маснотии и како такви можат да бидат причина за пожар, доколку навреме не се исчистат, додаде командирот.
Очевидци велат дека во гаснењето на пожарот учествувал и неготинец кој повеќепати ја има покажано својата хуманост. Станува збор за спортистот алпинист Ѓорѓи Трајев.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
