Од понеделник значително поскапување на горивата во Македонија
Договорот на најголемите светски производители идниот месец во Доха да одржат состанок на кој би се разговарало за ограничување на производството ги зголеми цените на нафтата на светските берзи.
Во текот на вчерашниот ден на берзата во Њујорк, американската „лесна“ нафта поскапи за половина долар на 38,94 долари за барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија поскапи за 18 центи и тргувањето го заврши на 40,51 долар за еден барел.
Оваа цена е за скоро 5,5 долари повисока од просечната цена врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди малопродажните цени на 7 март.
Тогаш, просечната цена на барел нафта изнесувала 34,945 долари а курсот на доларот изнесувал 56,09 денари. Во моментов еден долар вреди 54,44 денари
Следната корекција на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија ќе се случи на 21 март, односно идниот понеделник. За очекување е регулаторот да одреди нови, значително повисоки цени на нафтените деривати во Македонија.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата