Од понеделник нови повисоки цени на бензините во Македонија
Не очекува ли ново поскапување на бензините? Цената на суровата нафта на светските берзи денеска го држи вчерашното ниво. Вчера пак, на берзата во Лондон цената за барел нафта ја проби психолошката граница од 70 долари и достигна 70,26. Сепак тргувањето беше затворено со 69,80 долари за еден барел. Загрижува нагорниот тренд на цените кои во моментот се на највисоко ниво во последните 3 години.
Во моментот малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ за 59,5, а Екстра лесното масло за домаќинство за 48 денари за литар. Мазутот пак, во моментот се продава за 29,367 денари.
Цените на бензините во Македонија за само 2 недели пораснаа за 10 отсто откако од 1 јануари стапи во сила зголемната акциза за дизел горивата. Тоа доведе до покачување на дизелот за 3,54 денари, а во минатата недела дизелот скокна за уште еден денар. Поскапувањата на цените на бензинот и нафтените деривати ги плаши граѓаните дека малопродажните цени на производите ќе продолжат да се качуваат.
Регулаторната комисија во следната недела ќе ги соопшти новите цени на бензините.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста