-->
-->
Од полноќ поскапуваат горивата
-->
Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на одлуката од 14.06.2024, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,00 ден/лит.
Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, и цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе биде 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,819 ден/кг. и ќе изнесува 44,458 ден/кг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени директори на супермаркети во Мјанмар поради тоа што продавале ориз по многу високи цени
-
МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија
-
Дел од српската опозиција за „Данас“: Владата ја направи безбедноста фарса
-
Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ, реакции од другите двајца кандидати | ВИДЕО
-
Активни пожари во струмичко и прилепско
-
Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена
-
Српски полицајци во заеднички патроли со црногорски колеги на приморјето
-
Осумнаесет израелски војници ранети во напад на дрон извршен од Хезболах