Од полноќ нови цени на горивата

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,83, односно за 2,8 отсто.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 63,5 и 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 51,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе чини 40 денари.
Со одлуката на РКЕ за 1,329 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,866 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,19 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,0001 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
