Од починатите 193 пациенти од Ковид-19, 76 отсто имале хронични болести, најголем број се на возраст над 60 години
Согласно податоците од историјата на болеста, огромен процент од починатите од коронавирус се пациенти кои имаат претходни хронични заболувања. Според денешната статистика, од 193 починати лица, најголем дел се на возраст над 60 години, а кај 76 отсто се регистрирани бројни коморбидитети, како што се хронични болести, болести на кардиоваскуларниот систем, белите дробови и шеќерна болест.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, регистрирани 103 нови случаи, и тоа во Скопје 46, Куманово 6, Прилеп 2, Тетово 17, Струга 9, Велес 3, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар, Струмица и Свети Николе по 1 и во Ресен 6 пациенти.
– Регистрирани се 13 оздравени пациенти и тоа во Скопје 10, Прилеп 2 и Тетово 1. Починати се пет лица, тројца од Скопје, еден од Куманово и еден од Тетово. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата е 4.157, оздравени 1.723, починати 193 и во моментот активни случаи 2.241. Вкупно се направени 43.881 тестирање за Ковид-19, рече Филипче.
Во однос на состојбата во болниците, потенцира министерот, во овој момент се хоспитализирани 318 пациенти. Посочи дека на Инфективната клиника се хоспитализирани 95 пациенти, од кои 37 се на кислородна поддршка, нема пациенти кои се на механичка вентилација.
– Во однос на потребата за зголемување на капацитетите, во изминатите два месеци интензивно работевме на дополнителниот капацитет, тоа е монтажната болница. Таа е целосно подготвена и е достапна за лекување на пациенти со Ковид-19. Утрово разговаравме и со директорката се направи план за ротација на лекари, лекарскиот кадар. Тоа е болница што има површина од 1.000 метри квадратни и се сместени 70-тина кревети, со тријажен центар, значи за прием за хоспитален дел, односно за хоспитализација, прием на пациенти и секако амбулантски дел, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион