Од почетокот на годинава пожарникарите од Велес гаснеле контејнери на пет локации

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Велес од почетокот на оваа година интервенирале на пет локации во градот, гаснејќи контејнери кои се запалиле поради исфрлање на пепел со неизгасната жар од страна на несовесни граѓани.
Од ТППЕ и од ЈКП „Дервен“, кое стапанисува со контејнерите, апелираат до граѓаните да бидат совесни и да не исфрлаат пепел со неизгасната жар, затоа што може да предизвикаат пожар од поголеми размери.
– На 2 јануари годинава имало запален контејнер за смет на улицата „Димко Најдов“ кај Стариот мост. На 4 јануари горел контејнер кај Градското Пазариште, на 5 јануари горел контејнер кај Хигиенскиот завод, на 6 јануари горел контејнер на улица „Никола Карев“ кај Средношколскиот интернат и на 7 јануари горел контејнер кај Пазарчето во Нова населба, информираат од ТППЕ Велес.
Воедно, пожарникарите од ТППЕ Велес во изминатите денови од новата година интервенирале и на запален оџак од скара, поради што апелираа до угостителите и до сите граѓани барем еднаш годишно да ги чистат оџаците од саѓи, а да не дојде до нивно самозапалување со што може да предизвикаат и пожар од поголем размер.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
