-->
-->
Од пеналот на Јаховиќ настрадаа и обложувачи
-->
Адис Јаховиќ, во четвртокот, не реализира пенал за Македонија, на натпреварот со Израел кој заврши со резултат 1-2 и без добивка остави двајца обложувачи од Скопје и Англија.
Обложувач од Скопје, на тикетот одиграл седум натпревари, уплатил 50 денари дека сите ќе завршат нерешено. Тикетот не станал добитен само поради промашениот пенал на Јаховиќ. Инаку добивката изнесувала нешто повеќе од 180.000 денери.
На другата страна од Европа, во Англија, напаѓачот на Македонија можел да му донесе добивка од 2.500 фунти на извесен Даниел Моран, кој одиграл осум натпревари, сите се играа во четвртокот во квалификациите. Моран не успеал да ја погоди само „нулата“ на мечот Македонија-Израел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро
-
Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово | ФОТО
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО
-
Кривичниот суд ги одби приговорите: На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката
-
Словачкиот премиер Фицо на прво официјално патување надвор од Братислава по обидот за атентат