Од општинскиот буџет на Прилеп, партиите добија над еден милион денари за локалните избори

Од Буџетот на општина Прилеп исплатени им се над еден милион денари на политичките партии за освоените гласови на локалните избори од 15 октомври.
- Политичките партии до општината ги доставија финансиските извештаи за локалните ибори од 15 октомври минатата година и парите им се исплатени, изјави претседавачот на Советот на општината Миле Талески.
На последната седница на Советот на општината одржана на 26 декември беше објавена одлуката за надомест на трошоците на политичките партии за локалните избори од 15 октомври.
Политичките партии добија по 15 денари за секој освоен глас. Конкретно, за избрани членови на Советот, на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ за освоените 20.226 гласови ѝ се исплатени 303.390 денари, а на коалицијата предводена од СДСМ за добиените 23.398 гласови и се исплатени 350.970 денари, како и 354.105 денари за освоените 23.607 гласови за изборот на градоначалникот Илија Јованоски со што оваа коалиција за локалните избори по двата основа доби вкупно 705.075 денари.
Одлуката за висината на надоместот според освоен глас е врз основа на Законот за локална самоуправа, а во врска со член 86 од Изборниот законик.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
