Од невремето делови од земјава без струја, екипи на ЕВН работат на терен
Екипи на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите предизвикани во снабдувањето со електрична енергија од невремешто што вчера зафати делови од земјава.
Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски информира дека зЗасилени екипи се насекаде на оние места каде што има проблеми во снабдувањето или прекини каде што корисниците немаат доволно снабдување со електрична енергија.
Како што изјави тој најмногу проблеми на средно напонско ниво во дистрибутивната мрежа беа предизвикани во Скопскиот,
Битолскиот , Тетовскиот , Гостиварскиот , Кичевскиот, како и во регионот на Битола. Одредени проблеми во снабдувањето имало и во охридскиот регин.
Во скопскиот регион, како што рече, во Сарај, Матка е воспоставено нормално снабдување со електрична енергија на средно напонско ниво. Остануваат без напојување Волково, Новоселски пат, Орман, Стенковец, Момин поток и Злокуќани. Во скопскиот регион во Долно Блаце и граничниот премин Блаце има проблем со снабдувањето со електрична енергија, а Топанско поле и Визбегово во скопскиот регион се без напојување со електрична енергија.
Во одредени улици во дел на ниско напонската мрежа во градот Скопје иако се санирани дефектите во трафостаниците не е пуштен напон за да можат екипите на ЈП за водовод и канализација како и противпожарната да интервенираат и да можат да ги рачистат подрумите и оние места критични каде што има големи наноси од вода и смет.
Во гостиварскиот регион проблем со снабдувањето има во Никифорово, Леуново, во битолсиот регион Гермија, Бач, Живојно и во Брод, а во охридскиот регион екипите интензивно работат на отстранување на дефектите во Долно и Горно Берово и Куратица.
Во кичевсиот регион во Зајас, Горно Старвина, како и Самоков.
Во кичевскиот регион без напојување се Слатино, Крушеи и Топилница.
Во тетовскиот регион екипите работат во Шипковица и Бродец и Селце т.е. во делот на трасата или дистрибутивната мрежа која ги снабдува со електрична енергија овие населени места.
Во штипскиот регион Карбинци и Таринци се без напојување со електрична енергија и во битолскиот регион Гермија, Живојно, Скочивир и Брод.
- Екипите на ЕВН Македонија се во координација со кризниот штаб на град Скопје. Веќе се одржуваат интензивни состаноци за да се насочат активностите онаму каде што е најпотребно да се санираат штетите кои ги предизвика големото невреме, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата