Од насилна смрт лани умреле 421 лице

Во Република Македонија минатата година од насилна смрт умреле 421 лице, што е намалување за 15.3 отсто во однос на 2016 година, пкажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.1 отсто. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75.1 процент.
Во случаите на насилна смрт, најголемо учество имаат „Несреќните случаи“ со 66.0 %, потоа „Самоубиствата“ со 26.4 % и „Убиствата“ со 7.6 %.
Во категоријата „Несреќни случаи“, на прво место се умрените лица од „Други надворешни причини за случајна повреда“, со учество од 26.1 %.
Во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 15.7 %.
Во категоријата „Убиства“, пак, доминантна причина за смрт е „Обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ со учество од 2.4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
