-->
-->
Од „Макстил“ украдени бакарни кабли вредни 700.000 денари
-->

Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во „Макстил“ АД Скопје. Од погонот на фабриката на улицата „16-та Македонска Бригада“ одзел околу 400 метри бакарни кабли со што стекнал противправна имотна корист од 700.000 денари.
Како што соопшти полицијата, разбојникот ја прескокнал жичаната ограда, влегол во кругот на фабриката и со употреба на погоден предмет откорнал една од оградните табли на магацинот. Влегол внатре, ги зел предметите и незабележан од никој заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
