Од Ковид-19 во земјава вкупно се заболени 121 здравствен работник

Според Институтот за јавно здравје вкупниот број на заболени достигна 854 случаи. Според местотото на живеење случаи се регистрирани во 19 градови низ државата, а најголем дел од нивво Скопје и Куманово, додека највисока смртност во Струга и Тетово.
Меѓу заболените 399 се машки, а 455 женски лица. Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години. Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 184.
Од пријавените случаи, 23,2% се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Кај 261 или 30,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Во однос на коморбидитети, кај 242 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 161 лица имаат кардиоваскуларна болест, 50 лица се со хронична белодробна болест, 50 со дијабет, 15 со хронична бубрежна болест и 37 со други хронични болести.
Според исходот од заболувањето, кај 753 лица се активни случаи, 44 случаи се водат ако оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Регистрирани се 38 смртни случаи. Најголем дел се на возраст над 60 години. Од починатите, кај 29 (76,4%) се регистрирани коморбидитети.
Од 15 февруари тестирани се вкупно 8.552 материјали.Со ова во Македонија се направени 4.133 теста на 1.000.000 жители.
Од позитивните случаи, регистрирани се 1.830 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
