Македонија
1. December 2020 - 9:58

Од коронавирус почина Енвер Малиќи, заменик градоначалникот на Скопје

Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот во ,,Систина” откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Тој бил донесен во исклучително влошена состојба и лекарите цела ноќ се обидувале да му го спасат животот, но за жал неуспешно.

Малиќи беше почесен конзул на Мексико, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје. Тој беше назначен за заменик градоначалник од страна на градоначалникот Петре Шилегов. Малиќи истовремено беше управител на компанијата „Гемак Трејд“ и на хотелот „Парк“ на кејот на Вардар.