Од Кичево започна кампањата „ЕУ за тебе„
Евроамбасадорот Самуел Жбогар со денешната прес-конференција во Кичево официјално ја почна кампањата на Делегацијата на ЕУ под мотото „ЕУ за тебе“.
Главната цел на кампањата е подигнување на свеста и информирање на јавноста за помошта на Европската унија во Македонија. Кампањата „ЕУ за тебе“ има тематски пристап и почна со истакнување на важноста на одржувањето на чиста животна средина која е една од клучните политики и секторски приоритети на ЕУ и областа во која инвестира Унијата.
- Целокупната помош од ЕУ во областа на животната средина изнесува повеќе од 80 милиони евра во рамките на ИПА 1 (2007-2013). Планирана е натамошна поддршка во вредност од 100 милиони евра во рамките на финансиската распределба од ИПА 2 фондовите, рече Жбогар.
За Кичево, додаде, ЕУ обезбеди финансиски средства во износ од 5,2 милиони евра за изградба на печистителна станица и главен колектор во должина од четири километри.
Проектот во вкупна вредност од 7,5 милиони евра се реализираше во сосработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Кичево и јавните комунални претпријатија.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград