Ф1
27. August 2016 - 15:10

Од каде ќе стартува Хамилтон, казнет со 55 места?!

Светскиот шампион Луис Хамилтон ќе стартува од последната позиција на трката во Белгија откако казната му беше зголемена на 55 места поради недозволени зафати на болидот. 

Хамилтон кој е и лидер во шампионатот сепак се надева дека ќе може да избори добар пласман:„Во недела можам да имам шанса да претекнувам на првата кривина, Ла Сорс, но и на петтата кривила, Ле Комб. Има доста места за претекнување и се надевам дека ќе ги искористам“, изјави Хамилтон.