Од јануари нема фрлање смет од Маврово и Ростуше во дебарската депонија
Советот на општина Дебар, по предлог на градоначалникот Хекуран Дука, усвои заклучок со кој не се дава согласност за продолжување на договорот за депонирање смет од општина Маврово и Ростуше во градската депонија во Дебар.
Со ваквот заклучок всушност не се продолжува договрот поптшан помеѓу jавните комунални претпријатија „Срандард“ од Дебар и „Маврово“ од Маврово Анови.
Сметот во дебарската депонија од подрачјето на општина Маврово и Ростуше беше депониран неколку години наназад, а последно потпшаниот договор меѓу двете претпријатија истекува на 31 декември годинава. Месечниот надоместок што го плаќа претпријатието „Маврово“ изнесува 30.000 денари.
Како што беше образложено причина за тоа е факот што дебарската депонија станува претесна, како и дека „нема ни некои поголеми економски ефекти“.
-Нема да го продолжиме договорот за депонирање на сметот од општина Маврово и Ростуше во нашата депонија бидејќи актуелната депонија станува претесна а немаме ниту некои економски ефекти од овој договор. Ја разбирам состојбата во нашата соседна општина но нема што да се прави. Нема простор за депонирање смет и од други општини, рече градоначалникот Дука.
На седницата беше донесена одлука со која за првпат ЈКП „Стандард“ ќе го собира сметот од дебарските села и ќе го депонира во депонијата во Дебар,со што се очекува да се намалат многуте диви депонии.
Ново на Сител
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница