Од институциите зависи колку брзо Македонија и Србија ќе ги надминат нецаринските бариери
Не е исклучена можноста Мешовитиот комитет што го формираа Македонија и Србија на следната седница во Скопје да донесе официјален пакет мерки за надминување на нецаринските бариери и унапредување на размената.
Како што изјави за МИА Трајан Димковски кој го предводи македонскиот тим во Комитетот, на вчерашната прва седница во Белград биле разгледани сите барања и иницијативи поднесени од двете страни. Сега, вели Димковски, се останува на институциите. Од нивната реакција и меѓусебното усогласување ќе зависи кога ќе се одржи вториот состанок во Скопје, дали за една недела, десетина дена или по нешто подолг период.
- Вчера во Белград ги отворивме сите прашања кои сметаме дека се спорни. Ги разгледавме и продискутиравме. Во очекување сме да реагираат институциите, тие да ги усогласат иницијативите, рече Димковски.
На дневен ред на Комитетот беа заемното признавање на фито-сертификатите, укинувањето на маркичките за брашното, ГМО анализите што ги прави Србија врз македонскиот ориз, српскиот извоз на компир во Македонија и долгото задржување на пратките на граничниот премин до завршувањето на лабораториските анализи.
Во врска со вчерашниот состанок во Белград, денеска информираше и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања. Рече дека е постигнат напредок во разговорите со Србија за отстранување на нецаринските бариери.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ