Од игри на среќа 70 милиони денари за организации, здруженија и Црвениот крст
Седумдесет милиони денари, наместо досегашните 66 милиони денари, ќе се одвојат од приходите на игри на среќа за финансирање на програмските активности на национални и инвалидски организации, здруженијата и нивни асоцијации, здруженијата за борба против семејно насилство и Црвениот крст, кои се доделуваат преку Министерството за труд и социјална политика (МТСП), информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Со информацијата за измените на годишната програма за финансирање на програмските активности усвоени на завчерашната седница на Владата ќе се финансираат дополнителни програмски активности на Црвениот крст, кој ќе го спроведува проектот „бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и други права“.
Досега таа активност ја реализираше Министерството за труд и социјална политика, се распишуваше тендер на кој се пријавуваа економски оператори. Со измената се одвоени дополнителни средства за Црвениот крст кој од наредниот пат ќе ја организира оваа активност, појасни Бошњаковски.
Организацијата ќе обезбедува пансионски услуги за корисниците и волонтери за поддршка на реализација на проектот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот