-->
-->
Од Франција во 2015 протерани 19 македонски државјани
-->

Во 2015 година од Франција биле протерани вкупно 10.471 лице од нив само 19 се македонски државјани, јави дописникот на МИА од Париз.
Истата година во Албанија биле вратени 1.934 албански државјани, на Косово се вратени 266 негови граѓани, во Србија 127, а во Бугарија 285 лица.
Оваа бројка ја обелодени весникот „Паризиен“, кој успеа да стигне до статистиката на француската гранична полиција. Државјаните од Албанија се најбројни кај протераните лица кои доаѓаат надвор од Европската Унија, потоа следат Алжирците, Тунизјаните и Мароканците.
Од земјите кои се членки на ЕУ, најбројни меѓу протераните се граѓаните на Романија со вкупно 2.422 протерувања. Државјаните од овие пет земји заедно претставуваат 63 проценти од сите протерани граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
