Од денеска времен режим на сообраќај на патот Велес – Градско и од Ново Лагово до Боротино
Поради градежни работи за „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градскo”, наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од денеска па во наредните девет месеци, согласно одобрениот Времен режим на сообраќај.
Од денеска започнуваат градежни зафати (асфалтирање) и на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 09ч. до 16.00ч секој ден освен недела. Се препорачува на учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани да се упатуваат кон Беровци, а оние учесници во сообраќајот кои ќе се движат кон Боротино да се упатуваат кон Веселчани.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228