Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Како што информира ТАВ Македонија, за Барселона полетаа 161 патник, а за Лион 180.
На релацијата Скопје - Барселона - Скопје, „Виз ер“ ќе лета секој вторник и сабота, додека летовите до Лион ќе се одвиваат три пати неделно, секој вторник, четврток и сабота.
-Со ова се исполни повеќегодишното барање за враќање на директната авиоврска меѓу Скопје и Барселона, на големо задоволство на сите вљубеници во овој град на уметноста, историјата, архитектурата и спортот. Истовремено, благодарение на „Виз ер“, за граѓаните се отвори сосема нова туристичка дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје, францускиот град Лион, еден од најголемите гастрономски центри во светот, кој важи за срцето на француската кујна, наведува ТАВ Македонија.
Авиобилетите се достапни и може да се резервираат на https://www.wizzair.com/.
Ново на Сител
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот