Од денеска снег и студ

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен ветер од северен правец и со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од еден до осум степени.
Во Скопје променливо облачно и студено со повремен на моменти засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до четири степени.
Следува период на променливо облачно и студено време. Утринските температури ќе бидат во опаѓање, а најниската се очекува да биде за време на новогодишната ноќ кога ќе се спушти во интервал од минус 10 до минус три степени.
Во сабота во западните делови ќе има услови за повремен локален снег, а во недела врнежи се очекуваат на повеќе места.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
