-->
-->
Од денеска пониски цени за стандарден и повторен приклучок на струја
-->

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со што ги намали тарифите што корисниците ги плаќаат за стандарден и повторен приклучок на струја.
Стандардниот што до сега чинеше 500 евра во подрачјата каде што општините имаат донесено детален урбанистички план, сега ќе чини 370 евра. Но, од првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, вели дека од сега нема да постои нестандарден приклучок за струја. Овој нестандарден приклучок се наплаќаше по повеќе од 2.000 евра, а причина за тоа беше дека општините немаа усвоено ДУП.
Од Регулаторна сметаат дека граѓаните не се виновни затоа што општините не донеле ДУП и затоа се укинува нестандардниот приклучок, односно сите ќе плаќаат по 370 евра без разлика на која локација се наоѓаат. Се намалува и цената за одвојување на броилата. Оваа услуга сега ќе чини 200 евра, од претходните 500 евра.
Регулаторната комисија за енергетика ја намали и цената што корисниците ќе ја плаќаат за повторен приклучок доколку биле исклучени поради неплатени сметки. Сега оваа услуга ќе чини 440 денари, а повторниот приклучок ќе се врши во најбрз можен рок. Претходно се плаќаше околу 1.700 денари за повторно приклучување да се изврши наредниот работен ден, а доколку сакаме тоа да се случи истиот работен ден, услугата надминуваше 2.000 денари.
Новите цени почнуваат да важат веднаш.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено