Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година трае од 1 до 5 октомври 2026 година. Студентите кои ќе се пријават во овој период ќе може да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 ноември 2026 година.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.
Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-z...
За поддршка при аплицирањето студентите може да го контактираат МОН преку е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk
-Студентите на кои им било прекинато или одбиено правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходниот активен рок, информира Министерството за образование и наука.
Поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС-терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН-кодот за трансакциите да бидат успешни.
-Шпаркасе банка објави две важни известувања во врска со оваа новина и поддршка за студентите: https://www.sparkasse.mk/mk/soopshtenija/2025/01/16/Izvestuvanje-za-upot...
https://www.sparkasse.mk/mk/soopshtenija/2025/01/14/Izvestuvanje-za-kori...
Ако го знаете или го чувате ПИН-кодот, нема потреба од реактивација, наведува МОН.
МИА
Ново на Сител
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
