Од денеска 165 лекови со пониски цени
Од денеска цените на 165 лекови (оргинатори и генерички лекови) се намалени. Станува збор за деветто по ред намалување на цените на лековите согласно методологијата на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија. Вкупната заштеда од ова намалување на цените на лековите е над 653.000 евра.
Малопродажната цена на лекот панцеф се намалува за 38,10 проценти односно од 1.229 денари на 761 денар, што ќе овозможи сериозна годишна заштеда од околу 480.000 евра.
Повеќето лекови континуирано се намалуваат повеќекратно, а некои од нив континуирано во сите девет фази на ревизија на цените.
Со ова деветто намалување на цените се опфатени рамиприл и валсартан, лекови за третман на висок крвен притисок кои пациентите ги земаат во аптеките. Цената на рамиприл е намалена за 50 отсто, а на валсартан за 40 отсто.
Намалување на цената за 15 отсто има и кај хиконцил, тоа е амоксицилин по генеричко име, значи антибиотик. Има големо намалување на цената кај лековите мирзатен и велафакс кои се користат за третман на депресија. Што се однесува до болничките лекови има намалување на цената на флударабин (за третман на хронична леукемија), топотекан (за третман на карцином на јајници и грло на матка), ликсумиа (раствор за инјектирање за дијабетес мелитус тип 2). Се намалува и цената на сандостатин лар (хормон за раст), еилеа (лек за макуларна дегенерација во офталмологијата)...
Оваа системска мерка што ја воведе Владата ќе продолжи да се имплементира и во наредниот период, што значи дека во октомври ќе следи и нова ревизија, а веројатно и ново десетто по ред намалување на цените на лековите.
Со ова деветто по ред намалување на цените на лековите од 2012 година, досега се опфатени над 4.800 лека, чија цена е намалена два или повеќе пати. Вкупната заштеда е над 33 милиони евра.
Ново на Сител
-
Седници на две собраниски комисии
-
Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран