Од бокс и самоодбрана до екологија и историја - Патриотско Друштво организираше Дрил Камп за млади во Маврово
Здружението Патриотско Друштво во Маврово организираше Дрил Камп, каде што млади луѓе на возраст од 16 до 25 години имаа можност преку различни активности да ја тестираат својата физичка подготвеност, да ги подобрат своите вештини од повеќе области, да развиваат тимски дух, да се дружат, но и да придонесат за почиста и поздрава околина.
Кампот опфаќаше различни физички активности уште од раните утрински часови, тимска работа, часови по бокс и самоодбрана, тестирање на издржливост и многу други активности. Во Маврово имаше деца од различни места во Македонија, а секој дојде да развива спортски дух и да стекнува нови пријателства.
На кампот во Маврово имаше и нашинци кои живеат во странство, а меѓу нив беа и браќата Александар и Никола Стојковски, кои се родени и живеат во Чикаго – Америка. За нив овој камп е уште една можност да поминат повеќе време во Македонија, да стекнат нови пријатели, да ги тестираат своите физички можности и да научат нешто за македонската култура.
Учесниците на кампот имаа можност од врвни професионалци да ги учат основите на боксот и самоодбраната.
Кампот беше одлична можност на едно место да се спојат љубовта кон спортот, верата, нацијата и природата, затоа што од раните утрински часови имаше точно утврден план во кој се работеше на физичката спремност, се развиваше натпреварувачкиот и тимскиот дух, се учеше нешто за македонската историја, се одвојуваше време за религијата и време посветено на грижа за екологијата.
Интересен момент од самиот камп беше и влечењето јаже и полигонот со вежби, во кои се работеше тимски. Се учеше како да се користат предностите, но и како тимски да ги анализираат и пополнуваат слабостите.
Кампот заврши со споделување на импресии, со истакнување на тоа што би можело да биде подобро, но и со прогласување на најдобрите како награда за вложениот труд, но и како мотивација за другите да бидат подобри во иднина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
