Од 4 до 28 јули фестивал прв „Summerland 2019“
Од четврти до 28 јули годинава првпат во Скопје ќе се одржи фестивалот „Summerland 2019“. Во Градски парк, со главна бина на Школка, секојдневно ќе има музичка програма и забавни активности за сите возрасти.
Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во рамки на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини…
Отворањето на „Summerland“ е в четврток, а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00 до 00:30. Летната забава на Школка, в четврток ќе почне со групата „Нокаут. В петок ќе настапат ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, а в сабота и недела ќе има странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.
Фестивалот „Summerland“ е под покровителство на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје