Од 1 октомври недела неработен ден
Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на својата денешна седница.
Измените, како што појасни премиерот Зоран Заев на попладневната прес-конференција, се донесени во инклузивен процес со работодавачите и со синдикатите.
– Ова е ветување што Владата ги имаше како приоритет во програмата. Со ова се прави исчекор кон унапредување на работничките права и продолжување на поддршката за работниците, истакна Заев, додавајќи дека посебна грижа е водена за оние работници кои ќе работат во недела.
Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Работниците во овие дејности кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната денвница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.
Имплементацијата на законот ќе биде следена од Инсекторатот за труд. Работодавачите кои ќе работат во недела ќе мора тоа да го пријават во ДИТ.
– Работодавичите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекшочен патен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок за плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не може да го намали бројот на работници, појасни министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар