-->
-->
Очекувани победи на Хоризонт Турново и Ренова во битката за опстанок во ПМФЛ
-->
Попладнево беа одиграни два натпревари од 4.коло во плејаут конкуренцијата во Првата македонска фудбалска лига.
Во Охрид, екипата на Хоризонт Турново со головите на Ѓорги Стоилов (56-минута) и Филип Тимов(90) ја совлада екипата на Младост Ц.Д. со 2:0.
Победа оствари и Ренова која се бори за опстанок во Првата лига. На стадионот „Борис Трајковски’’ во скопската населба Маџари, Ренова со 4:2 го совлада Металург.
По два гола за тетовската екипа постигнаа Демир Имери (7 и 24 минута) и Емран Рамадани (18 и 64), додека головите за одамна отпишаниот Металург ги постигнаа Филип Стојчевски (33) и Дарко Додев (67).
На две кола до крајот на табелата води Хоризонт Турново 43 бодови пред Ренова која има 41, па овие две екипи ќе се борат за местото кое и следната сезона носи настап во прволигашката конкуренција. Екипите на Младост Ц.Д. со 19 и Металург со 16 ќе се преселат во Втората лига. и
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот