-->
-->
Очекувајте пад на температурите – метеоролозите со нови најави
-->

Особено на запад и на југозапад локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста и за локална и ретка појава на град. Сето ова ќе биде поради судирот на две воздушни маси (многу постудената од север и топлата од југ).
Ќе почне да дува северен ветер, кој особено долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет и вечерва ќе услови значителен пад на температурите на воздухот. Иако е мала, не се исклучува можноста поради заладувањето на највисоките планински врвови од државава да провее и сосема малку снег.
Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени во најтоплите предели од државава, меѓутоа вечерва ќе бидат во големо опаѓање.
Слаби врнежи можни се и утре наутро, меѓутоа во текот на денот облачноста од север ќе започне да се намалува, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 25 степени во најтоплите предели.
Особено студено ќе биде во сабота наутро, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интевалот од 0 до 10 степени и истите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Притвор за шестмина приведени за марихуаната вредна 800.000 евра
-
Лишен од слобода скопјанец кој со „ауди“ превезувал 10 мигранти
-
46 починати и 687 нови случаи на Ковид-19
-
Еден месец притвор за приведените во акцијата во која беа запленети 200 килограми марихуана
-
Шведската полиција со предупредување за предизвик наречен – „допирање“ на ТикТок
-
Жена од Велес нова жртва на коронавирусот
-
Борисов: Бугарија ќе има колективен имунитет во мај
-
Кина разгледува опции за мешање и промена на начинот на примање дози на вакцини