Обвинителството побара осудителна, а одбраната ослободителна пресуда во случајот ,,Двојник”
Обвинетите Фарук Бути, Весна Колевска и Бранислава Мишиќ да се прогласат виновни за случајот „Двојник”, побара денеска обвинителката Спасенка Андонова, како застапник на обвинителниот предлог во случајот со фалсификување на патните исправи.
Јавниот обвинител Андонова, во завршните зборови наведе дека отсуството на документи за идентификација неможело да помине незабележано од страна на обвинетиот Фарук Бути, кој имал долгогодишно работно искуство. Воедно, обвинителката истакна дека обвинетиот Бути, имал честа комуникација со сега осудените Денис и Раиф.
Од друга страна одбраната на обвинетиот Бути, побара ослободителна пресуда и додаде дека во време кога довербата во судството е на најниско ниво, судот е во позиција да ја докаже својата независност. Одбраната на Бути, исто така рече дека обвинителството не докажало дека е сторено наведеното кривично дело ,,злоупотреба на службена должност”. Според нив, ниту е наведена материјална корист за која обвинителството вели дека ја прибавил со издавање на невистинити патни исправи.
Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
