Обвинителството го предупреди Пленковиќ за вршење притисок
Државното обвинителство го предупреди хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за законот кој забранува вршење притисок врз Обвинителството, по повод неговата неодамнешна изјава дека Обвинителството може да ја истражи дури и највлијателната опозициска СДП.
Пленковиќ тоа го рече откако минатата недела беа уапсени група членови на ХДЗ, осомничени за коруптивни дела и злоупотреба на службената должност, меѓу кои и истакнатиот член на ХДЗ и поранешната градоначалничка на Книн, Јосипа Римац.
– Што се однесува до активностите за кои се алудира, кои се од корумпирана природа, очекувам телата, како полицијата, така и државното правобранителство, да ги гонат и оние дела што се однесуваат на СДП, рече претходно Пленковиќ и како пример ги наведе јавните набавки околу Европската престолнина на културата во Риека.
Тој рече дека очекува исти аршини да се применуваат кон сите.
Обвинителството, преку соопштение на официјалната веб-страница, го предупреди Пленковиќ дека постои забрана за вршење притисок и каква било форма на влијание, особено против државните обвинители и нивните заменици, за злоупотреба на јавната функција и користење медиуми и јавни настапи во кривични случаи со цел заштита на државниот имот.
Ново на Сител
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
-

Во Тирана одржан 100-тиот граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, најавена граѓанска непослушност
-

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара
