Обвинителство: Притвор за дилер на дрога од Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во неговиот дом во Гевгелија, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хероин во вкупна количина од 11,23 грама како и наркотична дрога кокаин спакувана во алуминиумска фолија во количина од 0,08 грама. При претресот на 15 септември кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога како средство наменето за мерење на наркотичната дрога при продажба.
По претходен телефонски договор, осомничениот на сведок му продал 1 грам хероин за цена од 2.600 денари, додека на друг сведок, со намера да му продаде наркотична дрога, му овозможил во неговиот дом да конзумира хероин во два наврати.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело или дека ќе го повтори делото. Судот го прифатил предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
