Обвинителите бараат продолжување на притворот на Тешеира до судењето - уништувал докази и има опасност од бегство
Припадникот на националната воздухопловна гарда на САД, Џек Тешеира, кој е обвинет за објавување на доверливи воени документи, има историја на насилни закани, истражувал масовни престрелки и се обидел да уништи докази за неговите злосторства, соопштија вчера федералните обвинители.
Во поднесокот од 48 страници, Министерството за правда наведува дека 21-годишниот Тешеира треба да остане во притвор до судењето, истакнувајќи дека неговата насилна реторика и очигледните напори да ги уништи доказите „го зголемуваат ризикот од бегство и опасност“.
Обвинителите денеска попладне пред судот ќе ги изнесат аргументите за бараното продолжување на притворот.
Адвокатите на Тешеира не го коментираа случајот и се очекува на денешното сослушување да расправаат дека тој не треба да биде притворен до судењето.
Во поднесокот, што вклучува и фотографии од спалната соба на осомничениот од претресот на ФБИ во неговиот дом, се наведува дека во јули 2022 година тој го користел својот владин компјутер за да бара информации за познати масовни престрелки користејќи термини за пребарување како „Увалде“, „Руби Риџ“ и „Пукање во Лас Вегас“.
При претрес во неговиот дом, ФБИ во контејнер пронашол скршен таблет, лаптоп и конзола за игри. Дополнително, обвинителите наведуваат дека откриле докази дека Тешеира им наредил на другите корисници на групата за разговор „да ги избришат сите пораки“.
Тешеира беше обвинет на почетокот на април беше обвинет по една точка од законот за шпионажа, поврзана со нелегално копирање и пренесување чувствителен одбранбен материјал, а втората точка од обвинението се однесуваше на незаконско отстранување на одбранбен материјал на неовластено место.
Доколку биде прогласен за виновен, обвинителите рекоа дека може да се соочи со затворска казна до 25 години.
Се верува дека овој случај е најсериозното нарушување на безбедноста на САД откако во 2010 година повеќе од 700.000 документи, видеа и дипломатски телеграми се појавија на веб-страницата на Викиликс. Пентагон овој случај на протекувањ ена документите го третира како „намерно, кривично дело“.
Обвинителите, исто така, рекоа дека во февруари 2022 година, Тешеира почнал да пристапува до стотици доверливи документи кои не се поврзани со неговата работа, и дека околу декември 2022 година, тој почнал да објавува некои од доверливите информации на социјалните мрежи.
„Штетата што обвинетиот веќе и ја нанесе на американската национална безбедност е огромна. Штетата што обвинетиот сè уште може да ја предизвика е извонредна“, се вели во меморандумот.
Доверливите документи содржеа широк опсег на високо доверливи информации за сојузниците и противниците, како што се детали за воздушната одбрана на Украина и израелската шпионска агенција Мосад.
Покрај доказите дека Тешеира се обидел да ги попречи доказите и да влијае на сведоците, обвинителите рекоа дека тој има проблематична историја која датира од неговите тинејџерски години.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска