Обвинителен предлог против едно лице за „измама“
Велешкото Основно јавно обвинителство спроведе истрага и до Основен суд – Велес поднесе обвинителен предлог против Д.Н.К. вработена како портпарол во кабинетот на заменик министерот за култура за кривично дело „измама“ од чл.247 од Кривичниот законик, соопшти денеска ЈОРМ.
Обвинетата се товари дека, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од 07.08.2016 до 03.09.2016 година во повеќе наврати ги довела во заблуда оштетените (татко и ќерка) лажно прикажувајќи им го фактот дека може да го вработи нивниот син, односно брат во МВР на огласот за прием на полицајци, кој бил во тек.
Притоа таа се повикувала на блиски пријателски односи со влијателни луѓе од актуелната власт и МВР со што ги навела оштетените да и исплатат вкупен паричен износ од 183.500 денари и тоа етапно, како што течеле активностите околу конкурсот за вработување.
Три дена по последната уплата, оштетените добиле известување од обвинетата по телефон и пристапиле во Центарот за обука во Идризово заради потпишување на договорот за вработување, но им било кажано дека не е организирано потпишување на договори и дека нивниот син, односно брат воопшто не е примен на огласот за обука на полицајци.
Во текот на истрагата, како што соопшти Обвинителството, биле испитани оштетените лица и сведоци, а биле прибрани и повеќе материјални докази во поткрепа на обвинителниот предлог.
Ново на Сител
-
Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование
-
Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад
-
Заедничка изјава на Г7: Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден
-
По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион
-
Продолжува работната посета на Сиљановска-Давкова во Тирана
-
Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска - Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи