Обвинение за штипјанец кој злоупотребил средства од ЕУ фондовите

Обвинетиот, како што е наведено во соопштението, кривичното дело го извршил како одговорно лице – управител на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе, каде содружник е и правното лице „АГРОПИОНЕР“ ДОО Скопје управувано од државјанин на Саудиска Арабија.
– Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности обвинетиот нанел штета на оштетеното правно лице во кое бил управител и тоа во вкупен износ од 69.825.499,00 денари, велат од Обвинителството.
Имено, обвинетиот со образложение за потреба и користење на средства од ИПАРД програмата склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата за плаќање на 50 отсто од вредноста на опрема, со што добил парични средства во износ од 14.989.596,00 денари. Истовремено од „Стопанска Банка“ АД Скопје за долгорочно финансирање мултивалутна кредитна рамка подигнал парични средства во износ од 1.600.000 евра. Но, наместо согласно договорот паричните средства од ИПАРД програмата да ги трансферира на сметката на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе во Стопанска Банка АД Скопје согласно договорот за долгорочно финансирање заради наплата на дел од кредитот, обвинетиот без согласност на правното лице – содружник, ги трансферирал средствата на сметка на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе во Комерцијална Банка АД Скопје од каде средствата се уплатувани на правни лица блиски до него по различни основи во вкупен износ од 6.406.206,00 денари. Остатокот од паричните средства во износ од 8.583.390,00 денари тој ги исплатил на други правни лица за тековни фактури по разни основи.
Во периодот кој бил предмет на истрага на Основното јавно обвинителство, обвинетиот во својство на управител, без согласност на содружникот правно лице, електронски одобрил и исплатил шест трансакции во вкупен износ од 13.720.147,00 денари, по што испорачувал разни материјални добра на правното лице кон други правни и физички лице во вкупен износ од 15.690.491,00 денар за кои изготвил само испратници и приемници без да преземе дејствија за наплата на побарувањата.
Обвинетиот исто така склучил и 36 договори за откуп на овошје и четири договори за деловно техничка соработка – заедничко производство на домати, притоа не вршејќи наплата на побарувањата и обврските од истите, со што нанел штета на правното лице во износ од 2.188.873,00 денари. Во истиот период , обвинетиот без согласност на содружникот, дозволил влез и производство во просториите на фабриката „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО на други правни лица од кои не ја наплатил закупнината, платата за вработените и останатите режиски трошоци со што нанел штета на правното лице во висина од 23.236.392,00 денари.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
