Обвинение за две кривични дела против разбојник од Гевгелија
Основното јавно обвинителство во Велес до Велешкиот суд поднесе обвинителен акт против 40-годишен жител на Гевгелија за кривични дела „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“ и „разбојништво“.
Надлежен јавен обвинител по сеопфатна истражна постапка утврдил дека обвинетиот во периодот од 9 јануари 2019 до 22 февруари 2019 година кај себе неовластено држел огнено оружје – ловечка пушка марка „Чешка збројевка“ со калибар 16 мм и осум ловечки куршуми со истиот калибар.
-На 9 јануари околу 2.40 часот од електронското казино во Гевгелија, заканувајќи се со пушката одзел пари во вкупен износ од 150.000 денари со намера противправно да ги присвои. Обвинетиот маскиран влегол преку задниот спореден влез во казиното и се упатил кон просторот каде што се наоѓа касата. Потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место давајќи му знак со пушката да се оддалечи од касата. Касиерот исплашен од заканата, го послушал обвинетиот, кој ги одзел 150-те илјади денари во различни апоени и го напуштил казиното, соопшти ЈОРМ.
Обвинетиот пред извесно време во Грција извршил кривично дело „разбојнипштво“ за кое бил правосилно осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето, а исто така и повеќепати е осудуван за кривични дела против имотот и против животот и телото на луѓето. ОЈО Гевгелија проценило дека постои опасност тој да избега или да продолжи да прави кривични дела, па поради тоа до Основен суд Велес со поднесениот обвинителен акт доставило и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Лекувањето на британскиот крал продолжува и следната година
-
Поголемиот дел од Скопје денеска по 22 часот ќе остане без вода, препораки од ИЈЗ за граѓаните
-
Осуммина загинати и 18 спасени откако се преврти глисер со мигранти во близина на грчкиот остров Родос
-
Марк Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига
-
Гвардиола го сака Меси во Манчестер Сити
-
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра
-
Кејн утре би можел да се врати во составот на Баерн
-
Лазаров одбра 20 ракометари за Светското првенство