Обуки за младите во Куманово за полесно вработување

Агенцијата за поддршка на претпремништво на Република Maкедонија одржа обука за изработка на одржливи бизнис планови во Куманово, која што е дел од реализацијата на мерката самовработување.
Обуката, на која учествуваа ученици од средните училишта и студенти според директорот на Агенцијата Иле Митковски, има цел да се обезбеди поддршка за вработување на младите во нашата држава, со што не би имале потреба да бараат подобра егзистенција во некоја европска држава.
-Во Куманово, во Агенцијата е вмрежена и Фондацијата за мали и средни претпријатија, така што сите кои се заинтересирани можат да побараат поддршка од нив и секако од Агенцијата да учествуваат на повиците, но и самоиницијативно да побараат поддршка нема да бидат одбиени. Главна цел е да се искористат бројните мерки за вработување, самовработување, ваучер системите, менторскиот систем, со цел заживување на економијата, на малите и средните претпријатија и повисока стапка на вработеност, изјави Митковски.
Пилот проект со обуки бил применет во Скопје, а ќе продолжи да се применува во сите градови од државата. Искуството од досегашните обуки се покажало како позитивно.
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
