-->
-->
Обуки во Шпанија за наставниците од ООУ „Дедо Илјо Малесевски“ од Берово
-->
Наставници од беровската деветтолетка, „Дедо Иљо Малешевски“ од септември ќе престојуваат на обуки во Шпанија, како дел од Програмата Еразмус плус и одобрената апликација на училиштето од страна на Националната агенција за европски образовни програми.
Директорката на училиштето Наташа Аврамска информираше дека поради возраста на учениците, не биле во можност да аплицираат за обуки на учениците, туку поднеле апликација само за обуки на наставниот кадар.
-Седум вработени наставници во циклус од две обуки по 7 дена ќе престојуваат во Шпанија. Преку овој проект вработените во училиштето ќе имаат можност да посетат неколку обуки во Шпанија што директно ќе придонесе за подобрување на процесот на одвивање на наставата во ова училиште. Според првичните информации што ги имаме, првата обука ќе се реализира во септември оваа година, рече Аврамска.
Вредноста на грантот е во износ од 30.240 евра .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Aрсовска да почне да работи во разумен рок, побара премиерот Mицкоски
-
Невладините контра измените во Законот за урбанизам
-
Модерен стил наместо барок
-
Со пари од ЕУ младите ќе се штитат од сајбер насилство
-
Мицкоски: Тече рокот за Данела Арсовска
-
Невладините контра измените во Законот за урбанизам
-
Николовски: Царината се враќа на нозе
-
Пуштено во употреба реновираното „петто крило“ во КПУ „Идризово“