Обука за пожарникари за поефикасно справување со кризни ситуации
– Дирекцијата за заштита и спасување со посредство на Холандската амбасада во Скопје, денеска и утре организира обука на пожарникарите од ТППЕ во државата, за користење на хидрауличен алат за спасување од сообраќајни незгоди.
Како што соопштуваат, со оваа обука, се подигнува готовноста на тимовите за брз одговор во Дирекцијата за заштита и спасување и се очекува поефикасно справување со кризни ситуации.
Обуката ќе се одржи денеска и утре во просториите и капацитети на Противпожарната бригада на Град Скопје, на локалитетот во Автокоманда. Обуката ќе ја вршат овластени лица од компанијата ХОЛМАТРО од Холандија. На обуката ќе учествуваат тимови од Ттериторијалните единици на целата држава, а ќе присуствува и првиот човек на ДЗС, Аднан Џафероски.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска