Обука на негователките во детските градинки во Штип на тема „ Првата помош спасува животи“

Општина Штип и Општинската организација на Црвениот крст-Штип од денеска почнаа со обуки и предавање наменети за негователките во детските градинки на тема „Првата помош спасува животи“.
Марија Џонова–Попова вработена во Општина Штип вели дека во детската градинка „Вера Циривири-Трена“ обуката и предавањето го следат 40 негователки заедно со медицинската сестра.
-Негователките се обучени и тие имаат медицински персонал за давање на прва помош на децата, но велиме дека повторувањето е мајка на знаењето. Овде сме со Црвениот крст практично да го увидат давањето на брзата помош и секогаш е потребно да се обновува знаењето, бидејќи ја знаеме и природата на децата, тие се секогаш разиграни. Негователките се во контакт со нив и се први кои што се тука да им укажат помош, вели Џонова-Попова.
Негователката Соња Димитриевска вели дека досега во нејзината група не се случило на дете да му е потребна брза медицинска помош, но како негователки треба секогаш да бидат присебни и да му помогнат на детето доколку има здравствени проблеми или случајно голтнало некој предмет, а потоа да повикат и Брза помош.
Обуките на Црвениот крст и на Општина Штип ќе продолжат и утре во детската градинка „Астибо“.
Ново на Сител
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
-

Кочоска: Голем простор во буџетот за дополнителни мерка нема
