Обучени 15 негователи на стари лица од Крива Паланка

Во Крива Паланка успешно заврши обуката за негователи на стари лица кои беа ангажирани и вклучени во извршување на активностите во проектот „Грижа за стари лица“ на општина Крива Паланка.
Овој проект се реализираше во период од шест месеци во 2017 година како дел од програмата за општинско корисна работа, подржана од УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
- По истекот на проектот како служби од општината аплициравме до УНДП за овозможување средства за обука и сертифицирање на ангажираните лица со проектот кои беа невработени. По одобрување на средствата се спроведе обука од страна на лекар и медицинско лице, траеше три месеци, а беше организирана од страна на Едукативниот Центар за возрасни „Поли проект“ од Штип, информира Елена Христовска, координатор на проектот „Грижа за стари лица“ во општина Крива Паланка.
Посочи дека обуките ги овозможила општината преку проектот.
- Лицата претходно опслужуваа стари и изнемоштени лица од руралните подрачја во општината, а сега по едуакцијата и успешно го положија завршниот испит и ќе добијат соодветни сертификати кои ќе им послужат за идно вработување и ќе им отворат перспективи, бидејќи сите беа невработени лица - активни баратели на работа, додаде Христовска.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
-

Шлепувале „опел“ во кој имало 150 килограми марихуана, тројца скопјани уапсени кај Свети Николе
-

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК
-

Приведени пет лица во село Брвеница, пронајдено оружје и дрога
