-->
-->
ОБСЕ размислува дали да ги набљудува изборите во Германија
-->

Организацијата за безбедност и соработка во Европа најрано во јули ќе одлучи дали ќе врши мониторинг на германските сојузни парламентарни избори. ОБСЕ до тогаш треба да објави дали ги прифаќа барањата на актуелната влада и крајно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) за следење на можните неправилности на септемвриските избори, пишува германското издание на интернет порталот Еуроактив.
Германските медиуми пренесуваат изјава на директорот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) Михаел Георг кој вели дека пред да биде донесена одлуката ОБСЕ ќе разговара со претставници на федералната влада, новинари, невладини организации и политички партии.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин раководството на АФД предходно ја повика ОБСЕ - ОДИХР да го набљудува гласањето затоа што „постојат причини за загриженост дека нема да биде гарантирано неселективно учество во изборната кампања на фер начин“. Според АФД граѓански асоцијации во минатото се обидувале да ја саботираат нивната кампања и очекуваат истото да се случи на овие избори поради што ОБСЕ треба да врши мониторинг на изборниот процес. Во писмото испратено на крајот на април АФД го информира ОБСЕ дека активисти на невладини организации ги кинеле лицата на постерите на партијата, хотелите не давале соби на членови на партијата кои што учествувале во кампањата а имало и физичко насилство врв нивни активисти. Пред АФД и сојузната германска влада на 6 март го повика ОБСЕ да ги следи изборите. ОБСЕ - ОДИХР ги следеше и сојузните избори во 2013 година кога АФД не беше присутна на политичката сцена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
