ОБСЕ ја поздравува иницијативата за јакнење на медиумската саморегулација во земјава

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир изрази поддршка за регистарот за саморегулација на онлајн медиумите во Македонија, промовиран вчера од страна на Советот за етика во медиумите, ЗНМ и Стопанската комора.
– Медиумската саморегулација е корисен механизам и придонесува кон поквалитетно информирање, заштита на уредничката слобода и јакнење на медиумскиот кредибилитет, изјави Дезир.
Според него, меѓу другите начини како оваа иницијатива ја унапредува саморегулацијата на онлајн медиумите се и барањата тие транспарентно да ги објавуваат изворите на финансирање, да се придржуваат до Кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на Советот за етика во медиумите.
– Се надевам дека оваа заедничка активност на неколку организации од Македонија ќе биде корисна за медиумските платформи како и за пошироката медиумска заедница, смета Дезир.
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите наведува дека ги следи медиумските случувања во сите 57 земји учеснички на ОБСЕ. Тој обезбедува рано предупредување при нарушувања на слободата на изразување и слобода на медиумите и промовира целосно почитување на заложбите за слобода на медиуми на ОБСЕ.
Ново на Сител
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
