Образовни асистенти за децата со попреченост од следната училишна година
Министерката за образование и наука Мила Царовска информира дека 54 милиони денари се одвоени од Буџетот на Република Македонија за училишната 2021/2022 година за образовни асистенти за децата со попреченост.
– Во септември беше направено обезбедување на асистенти преку општинско корисна работа. Педесет и четири милиони денари од Буџетот на Република Македонија за 2021 година се обезбедени за училишната 2021/2022 година. Тие почнуваат со работа од септември. Стандардите и проколите за нивна работа и обука се донесени од Бирото за образование, тие се во имплементација и започнуваат следната училишна година со образовни асистенти кои што директно ќе бидат платени од буџетот. За разлика од моменталната ситуација во кое преку општинско корисна работа и општините имаат ангажирано и лични и образовни асистенти. Сега се донесоа стандардите за работа на образовните асистенти , стартуваат во септември, рече Царовска на промовирањето на проектот за поставување на заштитни паравани во основните училишта во Општина Чаир.
За личните асистенти, дополни, мислам дека МТСП поднесе законска измена во Собранието и ако не е и поминато, каде што личната асистенција се спушта од 6 години, со тоа се укажува дека личните асистенти се издвојуваат од образовните асистенти или оние асистенти во настава кои што почнуваат од училишната 2021/2022 година.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица