„Обој го светот портокалово, стави точка“ - против насилството врз жените
Под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“ денеска ќе се означи почетокот на 16-дневната кампања за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права.
По овој повод, денеска на плоштадот „Филип втори“ во Скопје над 100 граѓани ќе формираат портокалова панделка за почеток на кампањата, која се спроведува во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија.
Целта кампања е запирање на кршењето на правата на жените, затоа што проценките се дека најмалку една од три жени или девојки во светот е жртва на насилство.
Предвидени се и низа други активности, кои вклучуваат осветлување во портокалово на Камениот мост во следните 16 дена, како и повеќе дебати низ земјата со учество на студенти.
- Портокаловата боја е одбрана како симбол на светла иднина без насилство врз жените, велат организаторите.
Ново на Сител
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити