Обновена редовната авиолинија Скопје - Прага

Aвиокомпанијата „Чех ерлајнс“ денеска ја обнови редовната линија Скопје-Прага, укината пред четири години. Најави дека од 1 јули до 9 септември годинава ќе реализира чартар летови за „АСА тур“ и за други локални оператори меѓу Скопје и Хераклион на Крит. Таа активност ќе се реализира поврзано со летовите Скопје - Прага.
Првиот лет од Прага беше пречекан ноќеска со традиционален поздрав со воден мост на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, по што во три часот изутрина авионот полета за Прага.
Чех ерлајнс“ ќе лета до Прага од Скопје секој понеделник и петок во 3:30 часот наутро. Од 29-ти следниот месец авиокомпанијата ќе опслужува уште еден термин на таа рута, во среда во 4:10 наутро. Повратните летови ќе се реализираат од Прага секој четврток и недела навечер, во 22:25 по локално време, со пристигнување во Скопје на полноќ. Од 28 јуни превозникот ќе додаде повратен термин со полетување од Прага во 22:25 часот и во вторник.
Цената на билетите во еден правец од Скопје до Прага почнува од 75 евра, а на повратните 144 евра, со сите вклучени такси.
- Задоволен сум што се оствари нашата намера да се обнови редовната врска меѓу Скопје и Прага, што официјално ја најавивме на почетокот на декември. На патниците им нудиме привлечни денови за летање, што опфаќа утрински полетувања од Скопје и вечерни заминувања од Прага, односно се обезбедува максимална употреба на престојот во Чешка. Ова ќе им одговара и на туристичките и на бизнис, како и на корпоративните патници, изјави Јан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во „Чех ерлајнс“.
Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“, со директната линија до Прага очекува поголема економска и културна размена меѓу Чешка и Македонија, повеќе чешки туристи и зголемување на карго-превозот.
- Досега од скопскиот аеродром имаме поврзување со 35 дестинации. Учеството на нискобуџетските компании е околу 60 проценти, од кои најгоемиот дел на „Виз Ер“ со 50 проценти. Сите компании, вклучувајќи ги и редовните и нискобуџетните, имаат пораст во текот на оваа година, изјави Крстевски.
Според податоците на концесионерот „ТАВ Македонија“, во првите четири месеци од годинава преку двата македонски аеродрома во Скопје и во Охрид се превезени 486.968 патници, што е пораст од 28 проценти споредено со истиот период во лани. Бројот на операции (полетувања и слетувања) на двата аеродроми е зголемен за 15 проценти.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
