-->
-->
Обнова на фасади на стари згради во Општина Карпош
-->
Општина Карпош ќе продолжи со проектот за обнова на фасадите на старите згради на територијата на општината, најави денеска градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
Фасадите на колективните станбени згради, според Јакимовски, ќе бидат енергетски ефикасни.
- Целокупната инвестиција е од буџетот на локалната самоуправа и изнесува околу седум милиони денари, изјави Јакимовски, кој ја најави обновата на фасадите од пред зградата на улицата „Рузвелтова“ и булевар „Илинден“.
Јакимовски истакна дека поволните временски услови во овој период од годината без екстремно ниски и високи температури кои би ги попречиле градежните работи се најдобри за инфраструктурни работи.
Фирмата „Елинг ДОО-Скопје“ се очекува дека ќе ја заврши фасадата за 20 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место